Нападнат близок соработник на Навални

by Fokus

Леонид Волков, член на руската опозиција близок до Алексеј Навални, денеска бил нападнат во близина на неговиот дом во Литванија. Волков бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави за Ројтерс Кира Јармус, поранешна портпаролка на Навални.

„Леонид Волков е нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и го испрскал солзавец во очите, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, објави Јармус во објавата на социјалните мрежи.

– Леонид сега е дома, полицијата и брзата помош се на пат кон него, додаде таа.

Поврзани новости