655
Со најавата за воведување задолжителна вакцинација во Австрија, раздорот во општеството порасна, па цел станаа и просториите на владејачките партии.
Антиваксерите сѐ повеќе ги радикализираат своите акции бидејќи предлогот за задолжителна вакцинација помина во парламентот.
Откако на продавниците што не дозволуваат невакцинирани луѓе да влезат во нив бил залепен плакат „Вакцинални фашисти“, во градот Швехат, во близина на Виена, со петарди бил скршен прозорецот на седиштето на Австриската народна партија.
Според полицијата, непознати лица во текот на ноќта фрлиле пиротехничко средство, при што го скршиле излогот и направиле голема материјална штета.