Напад во трговски центар во Сиднеј, најмалку четворица мртви

by fokus

Најмалку четворица луѓе се убиени во напад во трговски центар во Сиднеј близу познатата плажа Бондај, а има и повредени. Полицијата кажа дека еден маж бил застрелан по извештаите дека неколкумина луѓе се избодени.

Најмалку седум амбулантни возила пристигнаа на местото на нападот, при што локалните медиуми објавија дека неколкумина од повредените се во критична состојба.

„Напаѓачот носеше големо сечило. Сите почнаа да трчаат кон крајот на зградата. Подоцна слушнавме дека полицијата го убила напаѓачот“, изјави еден очевидец.

Поврзани новости