Судски и полициски извори брифираат дека престрелката која се случи во Лиеж, при што загинаа и двајца полицајци, најверојатно е терористичко дело.
Утрово околу 10 часот и 30 минути во белгискиот град Лиеж се случи престрелка помеѓу 36-годишен маж и двајца полицајци. Мажот кој првично на себе имал само нож успеал да го украде огненото оружје на еден од полицајци, по што ги застрелал и избегнал. Во престрелката загинал уште еден случаен минувач, а повредени се најмалку уште две лица.
Мажот потоа се упатил кон училиште во близина и земал жена за заложничка, по што полицијата го застрелала.
За сега не се познати причините за овој чин, но белгиските медиуми јавуваат дека најверојатно Обивнителството ова ќе го третира како терористички акт.
Полицијата најави повеќе детали во текот на денот.
Медиумите објавија дека напаѓачот е Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој во понеделникот бил пуштен од затвор, се сметал за маргинален и насилен, но не бил познат за терористички дела или по насилна радикализација.