278
Најмалку 100 луѓе загинаа во напад со беспилотно летало врз сириската воена академија во Хомс. Според информациите, повредени се десетици.
Војската соопшти дека неколку беспилотни летала нападнале просторија каде што се одржувала церемонијата на дипломирање на која присуствувале семејствата на кадетите.
Тие за нападот ги обвинија „терористичките групи“, но не прецизираа за која група станува збор, пишува Би-би-си.
Според некои извештаи, нападот започнал од област северозападно од Хомс контролирана од џихадисти и бунтовници.