Војна во Украина – 579-ти ден.
Украина тврди дека командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов е убиен во нападот на Севастопол.
Киев објави дека руските сили вчера го нападнале регионот на Одеса со беспилотни летала „Шахид“ и ракети „Оникс“ и „Калибар“ и дека е оштетена пристанишната инфраструктура.
Од друга страна, Москва наведува дека руските сили собориле седум беспилотни летала над регионот Белгород, а домаќинствата и административните згради биле оштетени во напад на украински беспилотни летала на Курск.
Во текот на ноќта Русија изврши напад врз областа Одеса во Украина со нападни беспилотни летала, а во нападот е оштетена пристанишната инфраструктура и две лица се повредени, објави шефот на регионалната воена управа Олег Кипер.
Тој рече дека во регионот на Измаила била погодена пристанишната инфраструктура и дека се повредени двајца мажи, возачи на камиони, пренесува агенцијата Униан.
На едниот му е укажана лекарска помош на лице место, а другиот е хоспитализиран со тешка повреда на раката“, напиша Кипер на Телеграм.
Украинскиот функционер објави и дека се оштетени контролниот пункт и магацинските згради и околу 30 камиони, од кои шест се зафатени со пожари кои, како што наведе, се изгаснати.
Според Кипер, украинската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од руските беспилотни летала.
Воздушна тревога е издадена утринава во регионите Миколаев, Черкаси, Виница, Кировохрад и Одеса во Украина, како и во делови од регионите Херсон и Запорожје под контрола на Киев.
NEW: The tactical situation in #Verbove remains unclear amid continued Ukrainian offensive operations in western #Zaporizhia Oblast on September 25.
Latest #Ukraine campaign assessment: https://t.co/3N66WzF1BW pic.twitter.com/zHK4JuxT4o
— ISW (@TheStudyofWar) September 26, 2023