Властите во Москва рано утрово соопштија дека војската соборила четири украински беспилотни летала во близина на Москва и над областа Брјанск, која граничи со Украина.
Во областа Одинцово во близина на населбата Часци, западно од Москва бил соборен еден дрон, а околу 3 часот наутро по локално време се слушнале уште четири експлозии, велат надлежните.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во последниот напад нема повредени.
Едно од беспилотните летала било соборено над Красногорск, град надвор од Москва, во кој се наоѓа московската регионална влада.
Воздушниот простор над руската престолнина е накратко затворен, а трите главни аеродроми во Москва ги прекинаа летовите, јави новинската агенција ТАСС.
🎙️The moment a Ukrainian drone exploded in Moscow tonight. #Moscow #Kremlin pic.twitter.com/6M9CDtlhfi
— NATO🇺🇸 VS KREMLIN🇷🇺 (@eduinfotech101) August 22, 2023