Наодите од обдукцијата на Влатко Илиевски стасаа во Обвинителството

by Fokus

Обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски е изготвен и пратен до обвинителството.

Од обвинителството ја потврдуваат оваа информација за 1ТВ, но без да ги соопштат наодите. Велат дека извештајот се разгледува во моментов.

-Истиот се разгледува, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, велат од ОЈО.

Поврзани новости