Целта на оваа компанија е да станат најголеми финансиски донатори на оваа невладина организација, чија мисија е „Ниту едно дете не треба да расте само“, ФлексКредит, една од најбрзорастечките компании и една од 200-те
најуспешни во Македонија, денеска потпиша меморандум за соработка со Здружението на граѓани СОС Детско село, коешто веќе 20 години работи во нашата земја.
Претставникот на оваа невладина организација, која е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА, ја поздрави одлуката на менаџментот на ФлексКредит и ја објасни нивната мисија.
„Нашата работа е фокусирана во областа на поддршка на најранливите – децата и младите без родителска грижа. Работиме со деца кои од разни причини се одвоени од биолошкото семејство или кои ги изгубиле своите
родители и воедно ги поддржуваме во најкритичната фаза од нивниот живот – нивното осамостојување’’ истакна Силвија Брајовиќ – раководител на секторот за собирање средства и комуникации на СОС Детско село.
Јоана Спасовска, директор за продажба на ФлексКредит, појасни дека со меморандумот оваа година станаа партнери, но целта им е да станат едни од најголемите финансиски донатори на СОС Детско село.
Истовремено, Спасовска откри зошто токму денеска се случи овој настан.
„Денеска ФлексКредит одбележува две години постоење на македонскиот пазар. Како општествено одговорна компанија, оваа година средствата за роденденска прослава решивме да ги пренамениме за донации во
СОС Детско село. Дополнително, истите средства неколкукратно ги зголемивме“, рече директорката Спасовска.
Патем, од ФлексКредит покрај оваа донација имат поддржано десетина спортски организации и мали средни, а Лилјана Бојковска, менаџер за човечки ресурси ги најави и нивните планови за во иднина.
„Поддршката кон СОС Детско село продолжува со обезбедување платени пракси за младинците, обуки за вработување, како и можноста да станат дел од нашата компанија по пат на вработување“, откри Бојковска.
Инаку, ФлексКредит сега има над 150 висококвалификувани, амбициозни и енергични вработени, кои се амбасадори на нивиот бренд, со интенција за зголемување на таа бројка.
Силвија Брајовиќ од СОС Детско село изрази надеж дека овој начин на „празнување“ ќе биде пример за многу други компании да помогнат на оние на кои најмногу им е потребна помош, на најранливата категорија- ДЕЦАТА, со што ќе помогнат во градењето подобро општество за сите.
Настанот се оддржа во националната канцеларија на Здружение на граѓани СОС Детско Село – Скопје, на Ристо Шишков бр.31, Скопје.
ПР текст