Наместо во Холандија, евровизиските претставници ќе си пеат од дома?!

by fokus

На илјадници луѓе во публика и околу 200 милиони љубители на Евросонг пред малите екрани, годинава се поизвесно е дека постои можност да им биде скратено задоволството да ја проследат својата омилена музичка манифестација. Поради состојбата со коронавирусот, под знак прашалник е доведено одржувањето на Евровизија, кое е планирано да се одржи во Ротердам, Холандија, од 12-ти до 16-ти мај.

Од страна на организаторите се уште нема официјална најава за можно откажување на настанот, а претставници на ЕБУ (European Broadcasting Union) порачаа дека ќе ја следат состојбата и препораките на властите и на Светската Здравствена Организација.

Како што пренесува британскиот медиум ,,Mirror” се земаат во предвид повеќе можни сценарија, па дури и изведувачите да настапат во својата земја, а изведбата да се следи преку видео линк. Во тој случај, ќе биде намалена паниката и стравот од патувањето и можноста за ширење на коронавирусот.

Нашиот претставник на Евровизија 2020, Васил Гарванлиев ќе ја промовира својата песна ,,You” во недела, на Денот на жената, Осми Март на МТВ.
Преостанува да се следи развојот на состојбата со коронавирусот од кој зависи дали музичарите ќе патуваат во Холандија, или пак како што се шпекулира во светските медиуми, ќе учествуваат со видео линк, седејќи си во својата земја.
До денес, бројката на заразени од вирусот на светско ниво надмина 100.000.

Според податоците од https://www.worldometers.info/coronavirus/ моментално во светот се потврдени 100.309 случаеви, а во Холандија, земјата домаќин на Евросонг 2020 има 82 случаеви. Едно лице починало во Ротердам, градот каде е предвидено да се одржи настанот. Бројките на нови заболени и починати се менуваат од минута во минута.

Вики Клинчарова

Поврзани новости