55
ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања, велат од владејачката СДСМ.
„Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави. Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт. Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.
Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.
Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“ порачаа од СДСМ.