Наместо природа, ѓубре ги дочекува туристите кон Тиквешко Езеро

by fokus

Ѓубре ги дочекува туристите кон Тиквешко Езеро, реагираат од еколошкото друштво Тисовец од кавадаречко Возарци, село кое е во близина на втората по големина вештачка акумулација во државата.

– Иста проблематика со години, покрај тоа што редовно се чисти со помош на  јавното  претпријатие “Комуналец” од Кавадарци. Според нас, поединци,  несовесни селани, и одделни сопственици на викендички крај езерото се виновници за ваквата непријатна слика, вели претседателот Сашко Данов за МИА.

Нагласува дека надлежните треба да преземат мерки и да ги казнуваат несовесните.

Инаку, крај Тиквешко Езеро има над три илјади викендички.

Поврзани новости