Наместо пратенички прашања, во Собранието ќе се одржи 36-та седница

by Fokus

Денеска прво во Собранието ќе се одржи 36-тата седница во чии точки на дневен ред се и законите за економската помош од петтиот пакет, а предвидение беа пратеничките прашања.

Овој предлог го стави претседателот на Собранието, Талат Џафери на гласање, и за него гласаа 53 пратеници, а опозицијата ова го оцени како „шверцерско подметнување“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираше, сметајќи дека ќе нема право да поставува прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, порача владеачката коалиција да закаже пленарна седница да се изгласаат петиот сет мерки но подоцна попладне за време на паузата.

Поврзани новости