Се тресеше гората, се роди глушец. Граѓаните денеска од Заев очекуваа да видат план за борба против корупцијата, а видоа само млатење празна слама, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ нза планот што го презентираше владата за борба против корупцијата.
-Заев дуваше балон дека ќе презентира голем акциски план против корупцијата, а никаде не слушнавме до каде е со постапката за парите во „Рекет“, во која според првообвинетиот и сега осуден Бојан Јовановски – Боки 13 кој ја носеше торбата со пари, парите завршиле кај фамилијата Заеви, дали има истрага или случај против Ден Дончев кој ставаше туциња пари во торба, Нема одговорност ниту за Рашковски и популарното „Леонардо вил вин“. Досега никој не одговарал за бегството на партнерот на Заев, Сашо Мијалков. Заев не кажа ниту зошто нема одговорност и постапка за криминал од речиси половина милијарда евра за пропаѓањето на Еуростандард и зделката со ШИК ЈЕЛАК. Наместо конкретни работи, од Заев слушнавме за компјутери, и дека ќе ги поврзувал институциите, дека ќе набавувал компјутери и компјутерски системи, и за изработка на сајтови кои гледаме како секој ден му паѓаат, велат од опозицијата.