Наместо Петков, бугарската владина делегација во вторник ќе дојде во Скопје

by Fokus

Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот Кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска владина делегација на Скопје, соопшти денеска Министерсвото за надворешни работи.

Како што се наведува во информацијата на МНР, терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.

Одлуката, како што се наведува во соопштението, е донесена по денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија.

Прес-службата на бугарската Влада денеска информира дека Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови поради контакт со заразен од корона вирусот, па затоа неговата посета на земјава планирана за 18 јануари се одложува и наместо него бугарската владина делегација што ќе допатува во Скопје ќе ја предводи вицепремиерката Калина Константинова.

Поврзани новости