362
Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, денеска не се појави на судењето по предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство. Како што рекоа неговите адвокати, тој заминал на дводневно службено патување во Албанија, каде ќе биде и денеска. Од тие причини судијата го одложи судењето за 27-ми април.
Алими е обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство за изборни измами. На Алими и на Исмет Гури, кој бил член на Општинската изборна комисија на изборите во 2013 во општина Чаир им се суди за уништување на изборен материјал.