Само претседателот на државата, Стево Пендаровски од сите претставници од државниот врв денеска отиде на гробот на Гоце Делчев и му се поклони по повод годишнината од неговата смрт.
Премиерот Димитар Ковачевски не беше дел од владината делегација која положи цвеќе. Делегација на Владата беше предводена од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.
Додека траеше одбележувањето на годишнината, премиерот Ковачевски беше во посета на браната Конско.
На Гоце Делчев му посевети статус на Фејсбук во кој порача дека неговите идеали се остануваат наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја.