Антифашистичката химна е емитувана наместо повикот за молитва, кој се емитува пет пати во денот, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.

Обвинителството во Измир отворило истрага за инцидентот која ќе ги опфати корисниците на социјалните мрежи кои се осомничени за „негирање на верските вредности“, информира агенцијата Анадолија. Портпаролот на владеjачката партија Омер Челик на твитер „остро го осудил“ инцидентот и навел дека сторителите ќе бидат откриени.