Наместо модерен превоз со БРТ скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ, велат од СДСМ

by Fokus

Од владејачката СДСМ ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека го уништила јавното претпријатие ЈСП Скопје. Само заради лични хирови на Мицкоски го блокираше проектот за новиот еколошки јавен транспорт БРТ, велат од партијата.

„Да не го кочеше проектот за БРТ, немаше денес граѓаните на Скопје да се соочуваат со проблеми како да стигнат на работа, како учениците на почетокот на второто полугодие да стасаат на настава.

Наместо да имаат модерен превоз со БРТ, проект поддржан од ЕБОР, за кој има обезбедено средства од 70 милиони евра, скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ.

Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости