Наместо да им кажете ве подготвивме да убивате во Собрание, вие ставивте 36 луѓе во затвор, вели Спасовски

by Fokus

Многу е интересно што човек како вас во 2017 година упадна во Собранието и беше подготвен со таа група да убива пратеници, денеска има храброст да стане и кажува за чесност, доверба, одговорност, му одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на поставеното пратеничко прашање на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба да се потсетите на 2017 година и да кажете фала богу што не бевте дел од истрагите или што се сокривте и што бевте дел од луѓето, кои наместо да излезете и кажете ние ве подготвивме да убивате во Собрание, вие ги ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а ургирате со вашиот лидер да се заштитат оние за парцелите во Делчево.

НамесКога зборувате за криминал треба да имате доблест и да кажете дека сега излегувате и зборувате за криминал, а 2017 бевте дел од луѓето кои влеговте во Собрание, рушевте уставен поредок и сакавте да убивате пратеници”, рече Спасовски.

Поврзани новости