Наместо честитки, британски лекар по грешка испраќал дијагноза за рак

by Fokus

Ординација во Северна Англија по грешка на своите пациенти им испратила порака со известување за рак на белите дробови и со метастази наместо божиќно-новогодишна честитка, објави денеска британски „Сан“.

Имено, пациентите на ординација во Аскерн, близу Донкастер, добиле СМС-пораки со дијагноза за рак и формулар, со „Ви благодарам!“ на крајот. По околу 10 минути добиле порака: „Претходната порака Ви е испратена по грешка. Нашата порака требаше да гласи: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова година!“

Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја споделија на својот интернет-простор.

Извесен Крис Рид, на пр. за британското списание изјави дека по вознемирувачката порака се обидел и да ги повика лекарите, но линијата била зафатена. На крајот отишол во ординацијата каде што лекарите му рекле дека тој, всушност, нема рак.

Поврзани новости