Битолската група ,,Молика” го најави својот настап во Германија на 16-ти декември, а нивна вокалистка ќе биде Сузана Гавазова.
Со популарната пејачка од струмичко тие веќе имаа заеднички настап пред неколку дена во Скопје, и од видео снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи, може да се забележи дека Гавазова одлично се вклопила во групата.
Дали станува збор за примвремена соработка, или пак Сузана ќе стане дел од ,,Молика” се уште немаат огласено ниту таа, ниту пак од групата.
Инаку, на чело на ,,Молика” долги години беше Анета Љумаковска, која по разводот со фронтменот на групата, Џими Мицевски, продолжи со соло кариера.
Како што појаснија поранешните сопружници, заедно ќе ги одржеле претходно договорените настапи, а потоа секој продолжувал по својот пат.
Парот беше заедно 22 години и имаат една ќерка. Мицевски пак, од првиот брак има син, кој исто така е музичар.
Неодамна во интервју за магазинот ,,Бекстејџ” на прашања околу причините за разводот, Анета изјави дека не може да му се нареди на срцето некого да сака.
Вики Клинчарова