Наместо планираните 5,4 милиони евра, Владата денеска од домашните кредитори позајми 12,6 милиони евра, заем кој ќе се користи за враќање на стари долгови.
Утре за враќање доспеваат 5,4 милиони евра а следната аукција е закажана за следниот вторник на 12 јули.
На ова реагираа од опозицскиот СДСМ, кој ги предупреди домашните кредитори да внимаваат колку пари и позајмуваат на владата.
– И понатаму ги предупредуваме домашните кредитори, банките, пензиските друштва и осигурителните компании да внимаваат при купувањето на домашни хартии од вредност бидејќи според последниот Закон за влада сеуште е под знак прашалник законитоста на ваквите задолжувања, наведува СДСМ.
Инаку, јавниот долг на Македонија достигна 4,33 милијарди евра или 45% од БДП и последниве години постојано е во пораст.