Наместо 4.000, Владата ќе плаќа по 25.000 денари месечно за обука за офицери и пилоти

by fokus

Владата на Македонија одлучи да ја зголеми финансиската поддршка за кандидатите за обука за офицери и пилоти од 4.000 на 25 илјади денари месечна плата.

„Со одлука на  Владата на Македонија, сите кандидати за обука за офицери ќе добиваат просечна месечна плата и во текот на обуката. Ако досега изнесуваше 4.000, отсега ќе изнесува 25.000 денари и ќе важи за кандидатите кои од 01.09. ќе ја почнат обуката како и за кандидатите за обука на пилоти“, соопштија од Министерството за одбрана.

Поврзани новости