Сензорите за мерење на шеќерот во крвта кои државата ги обезбеди за децата со дијабет се неквалитетни и не функционираат во целост, па родителите велат дека повторно мора да ги купуваат приватно.
-Па еве го сензорот што ни е од државата, значи тие треба да траат 14 дена, нас ни траат по 3 дена по 4 дена. Трансмитерот го полниме и 3 дена трае, повеќе не ни траел сензор, а треба 14, ни даваат за 14 дена, значи 12 парчиња за 6 месеци кои ние фактички ги трошиме за две недели. Приватно што си ги купуваме, тие си тераат. Има убави сензори по 50 евра и тие си тераат точно 14, вели Костадин Костадиновски.
Од Сојузот на дијабетичари барат од здравствените власти да нема тендери и да се промени моделот на набавка на сензори и други помагала, но и да се стават нови лекови на позитивната листа. Во скопскиот парк денеска се одржа едукативен настан за дијабетесот како едно од најчестите заболувања во земјава.
Бараат набавката на сензорите но и другите помагала како на пример ленти и глукомери да се набавуваат на отворен пазар, а не на тендер.