122
Телата на мажот А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ. денеска беа извлечени од реката Морача во Подгорица, Црна Гора.
Автомобил „голф IV“ денеска околу 13 часот и 30 минути паднал од Кривиот мост во реката.
Првите податоци на полицијата, а врз основа на изјавата на сведокот на трагедијата, велат дека најверојатно се работи за самоубиство.
Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ полека се качил на тротоарот со автомобилот, а потоа ненадејно удрил во возилото и летнал во Морача.
Полицијата испраша еден сведок кој наводно го видел возачот како се качува по тротоарот со својот автомобил.