412
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На Стража и Маврово поради магла видливоста е намалена на 30 – 50 метри, додека на Попова Шапка видливоста е до 20 метри.
ЈП „Македонија пат“ предупредува дека се можни поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ клисури и усеци. Воедно апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.