Намалена видливоста на патот кон Шапка

by fokus

Автомотосојузот на Македонија инфомира дека поради магла на патниот правец село Лисец – Попова Шапка видливоста е намалена од 50 до 60 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, особено во клисурите и засеците каде што е можна појава на одрони. Апелира и на прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Поврзани новости