490
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на Попова Шапка и 30 до 50 метри на планинскиот превој Стража.
Според ЈП „Македонија пат“, снег врне на Попова Шапка, а поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.