Намален бројот на смртни случаи во земјава, за една недела тестирани 13.742 граѓани

by Fokus

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела, соопштија во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Поврзани новости