Намален бројот на паралелки и ученици: За една година затворени дури 14 училишта

by Fokus

Четиринаесет основни училишта се затворени во период од една училишна година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Како што се наведува, од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023.

„На крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Поврзани новости