Во периодот од 22 август до 28 август тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3 отсто во однос на претходната недела.
Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3 отсто во однос на минатата седмица. Процентот на позитивност се движел од 17,8 отсто до 33,6 отсто, просечно 27,9 отсто, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Највисока инциденца е
регистрирана во Делчево, Гевгелија, Берово и Кавадарци.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (43 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група
од 10 до 19 години.
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 43 отсто во возрасната група од 10 до 19 години).
Пријавени се 12 смртни случаи, со намалување од 40 отсто во споредба со претходните седум дена. Најголем број од починатите се од Скопје (8), а пријавени се и по еден смртен случај од Валандово, Кратово, Охрид и Прилеп.
Во однос на возрасната група 11 починати се над 60 години и еден починат
од возрасната група од 50 до 59 години. Девет од пријавените случаи се починати во болнички услови и кај 11 се регистрирани коморбидитети.