151
Согласно Преспанскиот договор, по 12 февруари возилата со регистарски таблици МК ќе треба да имаат налепници со ознака НМК.
Се работи за симболичен трошок, односно како што соопшти МВР, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари.
Цената на налепниците е објавена на 3 јанауари во Службен весник, а ќе се продаваат најверојатно во станиците за технички преглед на возила. Испораката на налепниците тече согласно договорот со економскиот оператор кој е избран на тендер, додаваат од МВР.