Налбанти: Седмото место на УКЛО е одраз на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Според најновата Шангајска ранг листа Битолскиот универзитет е рангиран на 7-то место во Македонија. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт истиот беше второрангиран, меѓутоа со спроведувањето на политиката универзитет во секое село, го уништија и она што вистински вредеше, изјави Јован Налбанти, член на Централниот одбор на ЛДП.

– На овој начин УКЛО е доведен во ситуација одделни факултети да бараат издвојување од битолскиот и приклучување кон другите, подобро финансирани и во секој поглед фаворизирани од власта. Оваа ситуација е само одраз на севкупната игнорантска, дури и насилничка политика на ВМРО кон Битола во многу сфери на општественото живеење. Битола не ги добива парите од Буџетот на РМ наменети за рамномерен регионален развој,стана сообраќајно, еколошко и економско слепо црево – истакна Налбанти.

 

Поврзани новости