Наков: Има основи за притвор на Јанева, таа не смееше да ја напушти земјава

by Фокус

Однесувањето на јавното обвинителство во рамки на случајот „Рекет“ не е соодветно на Законот за кривична постапка, како и на индициите што произлегуваат од досега објавените снимки, кои се доказен материјал во постапката, вели во изјава за Фокус адвокатот Александар Наков, кој е поранешен долгогодишен јавен обвинител.

-Републичкиот јавен обвинител, ниту надлежниот јавен обвинител не смееја да дозволат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, чиј глас се слуша во објавените разговори, да ја напушти државата, туку мораа да ги соберат сите докази за окончување на постапката. Обвинителството треба да утврди и да каже дали нејзиниот телефон што прво наводно беше загубен во странство, па беше најден форматиран кај роднина на Јанева, е нејзин приватен или службен и да се утврди нејзината комуникација. Освен што досега секако требаше да биде повикана на распит, има длабоки основи за изрекување на притвор на Јанева, бидејќи може да влијае врз доказите и постапката – вели Наков, прашувајќи кој гарантира дека таа сега ќе се врати во земјава?

Според него, овој случај има поголема тежина и со аферата со масовно прислушување на граѓаните преку системите на државната безбедност, поради, како што вели, очекувањата на граѓанството дека ќе профункционира правната држава по политичките промени.

В.С.

Поврзани новости