Наков, адвокатот на експремиерот: Не можете да го осудите Груевски и да сакате!

by Fokus

Адвокатот Донче Наков кој го засили адвокатскиот тим на екс премиерот Никола Груевски во фазата на завршни зборови за случајот Тенк, категорично истакна дека судот не смее да го осуди Груевски, дури и тоа да го сака.

-Обвинението е несоодветно од правно-формален аспект за да може на него да се базира судска пресуда. Со вакво обвинение не можете да го осудите дури и да сакате, категорично истакна адвокатот Наков.

Тој од почеток до крај го анализираше обвинението и се обидуваше правно да аргументира дека обвинението, според него, е со бројни правни недостатоци.

– Во целиот текст на обвинението нема умисла за Груевски, туку само на едно место се спомнува умисла и тоа врзано со обвинетата Гордана Јанкулоска. Денес обвинителите во своите завржни зборови за прв пат споменаа умисла кај Груевски, рече Наков.

Тој забележа и дека во обвинението не биле утврдени времето, местото и на начинот на извршувањето на кривичното дело. Ова се основите на секое кривично дело.

„Нејасно е кога Груевски побарал од Јанкулоска да се набави автомобилот, како и тоа каде бил Груевски, го нема местото. Пишува дека бил во Скопје, но со ниту еден доказ тоа не е докажано, истакна адвокатот на Груевски.

В.В.

 

Поврзани новости