475
Утринава мерните станици во неколку градови покажуваат поголема загаденост на воздухот од дозволеното. Најзагаден воздух дишат жителите на Битола, каде што мерењата покажале дека ПМ честичките изнесуваат 136 µg/m3, па следат Миладиновци, Тетово, Струмица, Ректорат и Гази Баба.
Вчера беше најзагадено во Куманово каде беа измерени 640 µg/m3, со што вчера градот беше опасен по живот, а Владата одржа итна седница.