618
Највозрасниот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски од ДУИ денеска побара да се легализираат истополовите бракови во Македонија. Ова тој го побара на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Како што рече тој, геј луѓето се прекрасни и тие треба да добијат еднакви права.
-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец, изјави Манојловски.