Во рамки на годинешниот „Отворен ден во УСЈЕ“, невладината организација „Гоу Грин“ (Go Green) организираше работилница за искуствата од соработката на невладиниот сектор со индустријата, чија цел е следење на имплементацијата на највисоките стандарди во грижата за животната средина.
– Доколку индустриските капацитети сакаат да бидат прифатени како одговорни членови на заедницата, тогаш треба така и да се однесуваат во сите нивни деловни операции. Довербата директно зависи од отвореноста на компаниите за активен и искрен дијалог и нивната подготвеност да ги слушнат, препознаат и земат предвид интересите на граѓаните и заедницата при планирањето и спроведувањето на своите активности. Со ваквиот пристапнаотворена дискусија со граѓаните, УСЈЕе пример на одговорен член на заедницата– рече Антонио Јовановски, извршен директор на НВО „Гоу Грин“.
Покрај невладините организации, на работилницата учествуваа и други претставници од граѓанскиот сектор, локални самоуправи, но и од науката, која ги претстави најновите трендови во таканареченото „чисто производство“.
– Индустриските капацитети се неодвоив дел од социјалниот и економскиот развој на општествата. Истовремено, современата наука нуди широки можности за прилагодување на постојните технологии, но и нови технолошки решенија. Тие, не само што ги земаат предвид потребите и предизвиците со кои се соочува заедницата во областа на животната средина, туку нудат решенија и на пошироки општествени проблеми. Неспорно, таков е примерот со технологијата за користење на алтернативните горива, која дава системско решение и за проблемот со отпадот – изјави професор д-р Атанас Кочов од Институтот за чисто производство.
На средбата беше презентирана и новата ЕУ директива за индустриски емисии.
Во рамки на работилницата, беше организирана и обиколка на Цементарница УСЈЕ, при што учесниците се запознаа со процесот на производство и со активностите и мерките кои компанијата ги има преземно и ги планира за прилагодување на технолошкиот процес кон највисоките стандарди за заштита на животната средина.