Највисоката жена на светот прв пат леташе со авион кога авиокомпанијата Turkish Airlines отстрани 6 седишта во економска класа за да успее да во намерата.
Рамејса Гелги, висока 2 метри и 15 цм, лани е прогласена за највисока жена на светот од Гинисовата книга на рекорди.
Таа леташе до Сан Франциско во септември оваа година, а компанијата ги отстранила регуларните седишта, и на нивно место поставила специјално хоризонтално легло како би се овозможил летот во времетраење од 13 часа.
Гелги (25), никогаш не била во можност да лета со авион поради нејзината конституција, предизвикана од состојба наречена Weaver syndrome, кој меѓудругото резултира со надприроден раст на коските. Дури и како дете, таа не била во можност да се качи на авион, пренесува MailOnline.