Искорнат е прожектор и изнесен апаратот за снимање од салата за состаноци на Советот. Три монитори и еден компјутер од одделението за човекови ресурси и делови од компјутерска опрема. Ова е опремата што ја изнеле крадците од Општина Центар вчера рано наутро околу 3 часот.
– Обиена е фиоката со општинските печати кои се со овластување, но биле оставени. Точно што имало во торбата-ранец со кој побегнале се уште не е познато. Крим техника го заврши увидот во барака 6 во општина Центар во која беше провалено во 3 часот наутро на 08.09.2014. Крадците влегле преку прозор и вратата од бараката кај салата на Советот кои биле обиени – велат од локалната самоуправа.
Сторителите, кои побегнале откако дошло лицето од обезбедување на општината, оставиле се што сакале да однесат пред бараката. Се претпоставува дека се работи за две лица и крим техника ги открила нивните отпечатоци. Имало отисоци и од прсти и од стапалки од нозе.
Општина Центар до петок треба да достави записник за утврдената штета.