Вчера, 21 мај 2023 година, во Скопје се одржа најомилената и најмасовна планинска трка во земјава и во регионот, „Sparkasse LIFE Прв до врв“, на која велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, со планинарење, трчање или со возење велосипед ја искачуваа планината Водно и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот.
За разлика од другите години, ова единаесетто по ред издание на „Прв до врв“ под покровителство на главниот спонзор Шпаркасе Банка покрај официјалниот натпреварувачки дел понуди и богати забавни содржини за присутните.
Настанот започна во 9:45 часот, трките имаа две стартни позиции: Музеј на Град Скопје и ОУ „Кочо Рацин“, а интересот за учество беше огромен и за првпат манифестацијата имаше рекорден број од повеќе од 3.600 учесници.
Сите трки имаа победници во машка и во женска категорија. Во трката друмски велосипедизам во категорија мажи прв до врв оваа година беше Александар Милошевски, кој постави нов рекорд на патеката од 33 минути и 49 секунди, додека во категорија жени прва беше Елена Петрова, со нов рекорд на патеката од 43 минути и 28 секунди.
Први до врв во планинско трчање беа Милош Ранчиќ и Благица Јованова, во планинскиж велосипедизам Дарио Василевски и Сања Јосифовска, а во трката со електрични велосипеди Дарко Блажески и Моника Стефанова.
Во тим-билдинг трката за компании годинава прв до врв стигна тимот на „Сопро“.
Со поддршка на Шпаркасе Банка и партнерите беа креирани забавно-музички содржини и многу изненадувања за присутните во експо делот. На целта беше организиран пикник и музичко дружење со диџеј Вито и бендот „Day Off“, по што следуваше церемонија за прогласување на победниците.
Меѓу учесниците во ова натпреварување беа и дел од вработените на Шпаркасе Банка, со што покажаа дека го поддржуваат здравиот начин на живот, а присутните со говор ги поздрави директорот на дирекција за развој на производи и маркетинг, господин Велјан Поповски.
Поповски им се заблагодари на сите учесници и им честита на победниците, изразувајќи го своето задоволство од успешното реализирање на „Прв до врв“ во партнерство со Шпаркасе Банка, кое е резултат на заложбите на Банката за промоција на спортот и создавање здрави навики на живот. „Шпаркасе Банка преку платформата ’Sparkasse Life’ ќе продолжи и во иднина интензивно и посветено да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин да ги мотивира младите да веруваат во себе и во иднината на оваа земја. Следната година посакуваме да бидеме во уште поголем број и да покажеме дека овој традиционален настан
придонесува за нашата заедничка иднина, во целта за создавање одржливо општество.“
Следното издание на манифестацијата е закажано за 19 мај 2024 година. Трката „Sparkasse LIFE Прв до врв“ секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина. Организатор е Здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје и под покровителство на главниот спонзор Шпаркасе Банка.
ПР текст