Принцезата Шарлин од Монако е позитивна на ковид-19, но нејзиното здравје „воопшто не е нарушено“, соопштија денеска од палатата на принцот.
Во согласност со важечките здравствени прописи, принцезата Шарлин ќе помине неколку дена во изолација“, додаваат од палатата.
Принцезата Шарлин, која се врати дома во март по долго отсуство поради здравствени проблеми, рече дека е помирна, но со „сè уште чувствително“ здравје. За потсетување, принцезата Шарлин минатата година помина десет месеци во родната Јужна Африка. Таму била оперирана по тешка инфекција на синусите, а потоа останала во психијатриска установа.
Нејзиниот сопруг, принцот Алберт Втори од Монако, кој првпат се зарази со коронавирусот на самиот почеток на епидемијата во 2020 година, повторно бил позитивен на ковид во април.
Од 12 мај, носењето маска во затворен простор веќе не е задолжително во Монако, освен во здравствените установи, домовите за стари и изнемоштени лица, во јавниот превоз и во такси. Од избувнувањето, повеќе од 12.000 луѓе биле заразени со коронавирус во тоа мало кнежевство со 40.000 жители.