524
Утринава најниски температури се измерени во Берово, додека најмногу снег има во Маврово.
Поточно, во Берово се измерени минус 4 степени Целзиусови, додека во Крива Паланка и Маврово минус 2, во Тетово нула, во Битола и Скопје еден степен итн.
Висината на снежната покривка, пак, утрово во Маврово изнесува 53 сантиметри, во Крушево 33, во Охрид шест, а во Тетово еден сантиметар…
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд и на планините снег.