Најстудено е на Попова Шапка, измерени -8 степени

by fokus

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -8 степени.

Температура под нулата има и на други места, кака -7 степени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -5 во Битола, -4 во Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Претор, -3 во Велес, Берово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница, Тетово, -1 во Штип, Демир Капија, и најтопло односно 3 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд имало во Демир Капија каде се измерени 11 l/m2, 9 l/m2 Кавадарци, 7 l/m2 Струмица, 5 l/m2 Берово, 4 l/m2 Прилеп, 2 l/m2 Велес, Битола, Виница, 1 l/m2 Гевгелија, Маврови Анови, Пожаране.

Снег има 32 см на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови, 5 во Ѓуриште.

Поврзани новости