Сестра Андре, 118-годишна калуѓерка која живее во дом за стари лица во јужна Франција стана најстарата жива личност на светот, според Гинисовата книга на рекорди.
Таа е најстарата жива калуѓерка на светот и најстарата калуѓерка досега. Родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904 година, сестра Андре го посветила најголемиот дел од својот живот на верска служба. Пред да стане католичка калуѓерка, таа се грижела за деца за време на Втората светска војна, а потоа поминала 28 години грижејќи се за сирачиња и стари лица во болница.
Сестрата Андре, која живее во близина на францускиот град Тулон, е и најстариот преживеан Ковид-19 пациент во светот. Во изјавата за Гинисовата книга на рекорди се вели дека таа била позитивна на тестот за вирусот на почетокот на 2021 година, но целосно закрепнала во рок од три недели, токму на време за нејзиниот 117-ти роденден.
Во интервју за францускиот телевизиски канал RMC Story во вторникот, сестра Андре има измешани чувства што е новата најстара жива личност.
-Чувствувам дека ќе ми биде подобро во рајот, но добриот Господ сè уште не ме сака, рече таа, нарекувајќи ја титулата „тажна чест“.
Сестра Андре ужива во чоколадо и вино – и пие по една чаша вино секој ден – потврди нејзиниот дом за стари лица, Résidence Catherine Labouré.
Кога наполни 118 години претходно оваа година, постарата калуѓерка доби рачно напишана роденденска честитка од францускиот претседател Емануел Макрон – 18-тиот француски претседател во нејзиниот живот – според твит од домот за стари лица. Исто така, 10 различни папи претседаваа со Католичката црква откако таа се роди.
Сестрата Андре стана најстарата во светот по смртта на Кејн Танака, Јапонка која претходно беше прогласена за најстара личност на светот и која почина на 119-годишна возраст на 19 април.
Титулата на светски рекордер според живеење и припаѓа на Французинката Жан Луиз Калмент, родена на 21 февруари 1875 година, која дочека старост од 122 години и 164 дена, според изјавата на Гинисовата книга на рекорди.