Најмалку две лица загинаа, а две се повредени синоќа во руски ракетен напад врз Киев, соопштија цивилните и воените власти на главниот град на Украина.
🇺🇦Serhiy Popko, head of the KMVA (Kiev City Military Administration):
“Kiev has not experienced such a powerful attack since spring. The enemy launched a massive, combined attack using drones and missiles.
At first, Russian Forces used attack UAVs. Several groups of drones…
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) August 30, 2023
„Според првите информации, две лица загинаа во урнатините во областа Шевченко во Киев“, изјави на Телеграм началникот на воената управа на украинската престолнина Сергеј Попко.
Тој рече дека синоќешниот напад е најсилниот напад врз главниот град уште од пролетта.
„Непријателот користеше беспилотни летала и ракети“, рече Попко, додавајќи дека украинската воздушна одбрана „уништила повеќе од 20 непријателски цели“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека две повредени лица се згрижени во болница.