Магазинот „Максим“ неодамна објави листа на најсекси жени во светот, а на првото место се најде плус-сајз моделот Ешли Греам.
Таа веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, бидејќи не ги крие вишокот килограми, туку се гордее со тоа и испраќа порака до жените ширум светот да се прифатат себе си.
„Кралица на облините, таа е вистинска свежина во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли нè потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на вашите облини, туку и во прифаќањето на себеси онакви какви што сте. Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, вака магазинот ја опиша 35-годишната Ешли.
На почетокот на кариерата немала поим дека ќе го достигне ова ниво на успех, а модната индустрија на почетокот ја отфрлила.
Бидејќи трендот со години беше манекенките да бидат слаби, дури и на работ на анорексија, Ешли не одговараше на тие критериуми. Овој неуспех резултирал со депресија поради која се здебелила 12 килограми.
Тоа особено му пречело на нејзиниот партнер во тоа време, кој потоа ја оставил.
„Мораме да раскинеме, не сакам да имам односи со тебе. Се плашам дека ќе бидеш дебела како мајка ми“, ги опишала неговите зборови манекенката во своите мемоари.
Ешли со години е во брак со Џастин Ервин, со кој по првото дете добија близнаци.