Најнова метео анализа: Следува променливо време

by fokus

До крајот на денов во нашата држава ќе има повремен локален дожд, на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, во најтоплите региони истите има услови да се искачат до околу 13 степени.

Потоа и во следните неколку денови ќе имаме променливо облачно време, со сончеви периоди и со повремен локален дожд. На повисоките планини ќе има повремени локални врнежи од снег. Во вторник ќе започне да дува ветер од западен и од југозападен правец, кој повремено на некои места ќе биде засилен по интензитет.

Температурите на воздухот и понатаму бележат тенденција на пораст, па така максималните дневни во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Пад на истите ќе има некаде на средината од оваа недела.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости