До крајот на денов кај нас и понатаму ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени. И во следните денови ќе имаме претежно стабилно, суво, топло и сончево време со мала локална облачност.
За време на викендот и тоа особено во недела попладне локално ќе има повеќе облачност. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и на почетокот од следната недела. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, особено утре и во сабота.
Подготви: Славчо Попоски